Македонија 05. јануари 2020. / 23:26

Скендер Асани: Нема место за антисемитизам во Македонија!

Скендер Асани: Нема место за антисемитизам во Македонија!

По серијата на антисемитски напади кон техничката министерка за Труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, на својот фејсбук профил реагираше директорот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, Скендер Асани.

Според Асани, во нашата држава немеа место за антисемитизам .

Без разлика на нејзиното еврејско потекло, Рашела Мизахи како државјанка на оваа земја, има право да биде дел од оваа Влада. Може да ја критикувате за нејзината професионалност или партиска припадност, но нејзината етничка припадност е нејзино право и никој нема право да го критикува нејзиното потекло. Во Северна Македонија нема простор за антисемитизам, ќе се бориме цврсто против антисемитизмот, напиша Асани.