Македонија 25. декември 2019. / 20:27

Скандалозно: Владата крие дека Дескоска е номинирана за член на Венецијанска комисија

Скандалозно: Владата крие дека Дескоска е номинирана за член на Венецијанска комисија

Владата крие од јавноста дека ја именувала министерката за правда Рената Десковска за македонски претставник односно член на Венецијанската комисија во која сега претставник е професорката Тања Каракамишева, дознава „Експрес“.

Како што пишува порталот, вчера Десковска била номинирана за македонски претставник во експертскиот тело на Советот на Европа кое се занимава со прашањата на владеење на правото, човековите права и демократските принципи на вчерашната седница на Владата.

Сепак, скандалозноста на одлуката се гледа и по фактот што во своето соопштение Владата не ја објавува информацијата за именување на свој член на комисијата.

Не е познато дали одлуката е донесена во присуство на министерката за правда Десковска која практично одлучувала за именување на самата себе.

Десковска ќе биде единствена министерка – актуелен член на некоја влада во Комисијата. Според правилата и практиката на комисијата членовите се независни експерти, а се избираат од редот на “искусни професори, особено од полето на меѓународното право, членови на врховниот или уставните судови или членови на националните парламенти“.

Никаде во правилата на Комисијата не пишува дека активен министер може да биде нејзин член, велат извори во комисијата кои се уште не се информирани за оваа одлука и не сакаат да веруваат дека по Законот за јазиците македонската влада ќе влезе во ново скандалозно однесување кон телото на Советот на Европа.

Извори во СДСМ тврдат дека пред номинацијата на Десковска за член на Венецијанската комисија СДСМ добиле барање од коалиционите партнери од ДУИ владата веднаш да ја повлече професорката Каракамишева од комисијата, што на таен и скандалозен начин, спротивен на правилата, се случило на последната владина седница.