Новиот пратеник Рубин Земон, кој стана познат во јавноста откако најдобриот македонски ракометар Стојанче Стоилов го нарече ментално нестабилен, на својот Фејсбук профил, објави дека започна нова работа во Собранието на Република Северна Македонија.
Иако според процедурата официјално ќе бидеме Република Северна Македонија, откако соседна Грција ќе го ратификува Договорот од Преспа во Парламентот, на Земон не му се чекаше, па се пофали дека е веќе пратеник во Собранието на Северна Македонија.
Засега тој е единствен кој среде процес објави дека е функционер, користејќи го новото име.
Рубин Земон е пратеник од партијата Алијанса за Позитивна Македонија, која сега има ново име – ПОЕН.
Инаку пратениците во петокот, на 11 јануари, ги донесоа уставните измени, со цел промена на устанвото име.