Скандалозни партиски избори на судии, обвинувања дека не се избираат стручни кадри, туку партиски судии, луѓе кои го фатиле последниот воз, обвинувања на сметка на Академијата за судии дека ги „пумпа“ оценките на кандидатите и на крај, одложен изборот на 6 судии за скопска апелација, бидејќи од многуте притисоци, членовите не биле усогласени за кого ќе гласаат, па за да не „изгорат“ некого седницата се одложи, пишува Сведок.
Во ваква атмосфера, и по ќекање повеќе од 7 месеци од распишаниот оглас, не се избраа судиите на Апелација. Наместо тоа, по дадената пауза, на која се вжештија телефоните, седницата едноставно беше одложена, без разумно образложение, а под страв како што вели Киро Здравев, дека поради некоординираност може да отпаднат некои кандидати, да бидат оштетени и да мора да се поништи огласот.
Но, затоа, беа многу координирани кога требаше да се изберат партиски договорени судии, како на пример екс претседателот на ДИК Александар Ќичаковски за судија во Управниот суд, чие име беше 30-то на листата од десетиците пријавени. Чичаковски беше избран на предлог на Гордана Спиреска, која, за чудо не го познавала, ама го гледала на телевизија како ги води седниците на ДИК и од гледањето телевизија заклучила дека екс шефот на ДИК ќе биде добар судија на Управен.
За него гласаа 11 членови, а тројца беа против. Претходно, виолета Богојевска обвини дека во Управниот суд се избираат слаби судии, па струќните се подобри од судиите и тие ги пишуваат пресудите, а судиите со новиот закон треба да судат со држење на јавни расправи, иако многу од нив никогаш не влегле во судница и не знаат како изгледа судење.
Целиот текст на СВЕДОК.МК.