Македонија 15. декември 2018. / 22:42

СКАНДАЛ: Според Статутот на ЗНМ Младен Чадиковски не е избран за претседател!

СКАНДАЛ: Според Статутот на ЗНМ Младен Чадиковски не е избран за претседател!

Невиден скандал се случи денеска на собранието за избор на претседател на Здружението на новинари на Македонија.

Главниот и одговорен уредник на телевизија 24 Младен Чадиковски е избран за претседател на ЗНМ спротивно на Статутот на ова здружение.

Според анализата на Економски Лидер, бројот на гласови за избор на Чадиковски не е доволен за тој да стане претседател.

Од вкупно 555 членови на Здружението денеска на собранието биле присутни само 175.

За Чадиковски гласале 86 новинари и медиумски работници, што е за девет повеќе од вториот кандидат новинарот Столе Наумов, кој добил 77 гласа.

Според член 34 од Статутот на ЗНМ, претседател се избира со мнозинство гласови од присутните на изборното собрание. Тоа значи дека за Чадиковски да биде избран, тебало да добие 87 гласови, односно тој за само еден глас не е избран за претседател.

Член 34 од Статутот на ЗНМ

Ова значи дека Чадиковски не е легитимно избран за претседател на ЗНМ.

Во ситуации како денешната во која практично не е избран претседател, бидеjќи никој од кандидатите не успеа да освои мнозинство гласови од присутните на изборното собрание, Статутот предвидува организирање на втор круг на гласање, во кој се гласа за двајцата кандидати со најголем број гласови од првиот круг, а за избран се смета оној што ќе освои најголем број гласови во вторниот круг.

Според овој член од Статутот, ЗНМ треба да организира втор круг на гласање.

 

Инаку Лидер прв објави дека власта планира да го стави Чадиковски за претседател на ЗНМ.

Уште на почетокот на овој месец објавивме дека, Чадиковски, кој беше дел од медиумската империја на Велија Рамковски, има поддршка од власта за да застане на чело на ЗНМ, со цел да ги протне политиките на премиерот Зоран Заев и на СДСМ, за да може да се воспостави контрола врз целиот медиумски сектор.

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНМ постојано, жестоко реагираше на притисокот на власта врз медиумите. Во изминатите година и пол, додека СДСМ е на власт, ЗНМ како да е во коалиција со нив и воопшто не реагира ниту на притисоците, ниту на пресметката на власта со критички настроените новинари и медиуми.

Власта, досега, нема воспоставено контрола само врз телевизија Алфа, додека сите весници, и денвни и неделни, се провладини, па главната критика против владеењето на СДСМ доаѓа само од неколку интернет портали.

Статутот на ЗНМ може да го прочитате ТУКА.