Македонија 31. јануари 2019. / 16:37

СКАНДАЛ: Новинарот Сашо Орданоски добил безбедносен сертификат за „Државна Тајна“!

СКАНДАЛ: Новинарот Сашо Орданоски добил безбедносен сертификат за „Државна Тајна“!

Новинарот Сашо Орданоски добил безбедносен сертификат за пристап до државни тајни од Дирекцијата за Безбедност на Класифицирани Информации – дознава „Економски Лидер“ од извори во Управата за Безбедност и Контраразузнавање.

Со овој сертификат тој ќе може да има пристап до информации со степен на највисока безбедност, односно информации кои се класифицирани како „Државна тајна!“. Ваков сертификат не може да поседува лице кое не е државен или владин функционер и се добива исклучиво по барање на високи институции во власта. Се поставува прашањето, како може ваков сертификат да добие новинар, вработен во приватна компанија?

Во овој момент, скандалозно е тоа што лице кое е новинар на провладината “1 ТВ” и Цивил Медиа, добило ваков сертификат, кој, како што дознаваме – е издаден во експресен временски период.

Директорот на ДБКИ, Стојан Славески, во изјава за Лидер вели дека не ја исклучува можноста Орданоски да добил ваков сертификат, но, во овој момент не е на неговото работно место и неможе официјално да ни потврди. По што, не замоли да го побараме утре.

-Во овој момент не можам да потврдан, но можно е Орданоски да добил безбедносен сертификат доколку работел на некој проект во владата или во некое министерство. – рече Славески во телефонски разговор со Лидер.мк.

Инаку Орданоски освен што работи во провладината 1 ТВ, во јавноста се поврзува и со блиска пријателност со екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков. Во исто време, тој работи и на проекти кои добија огромни суми од државата преку агенцијата за филм, со која директорува Горјан Тозија.