Македонија 19. јули 2019. / 11:02

Скандал: Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Скандал: Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час откако почна седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на инспекторот Ѓорѓи Илиевски, се појави обезбедување и ги замоли новинарите да не чекаат во ходникот.

Обезбедувачот рече дека за да ги пушти новинарите на седницата и да чекаат во ходникот требало писмено известување, кое не било стигнато.

Обезбедувањето од МВР на новинарите кои седеа во ходникот и чекаа да заврши седницата, откако претходно не беа пуштени, им рече: „Тргни ги новинарите, ми кажаа“.

Претходно, портпаролот Јане Николовски, прокоментира дека не му е јасно кој ги пуштил новинарите во зградата, кога ќе имало изјава по седницата.

Претседателката на дицсиплинската комисија Валерија Анастасова се расправаше со новинарите и рече дека не е дозволено да присуствуваат на седницата на која се расправа за одговорност на инспекторот Илиевски.

Дисциплинската постапка е закажана откако инспекторот Илиевски објави дека незаконски биле унапредени јавни функционери во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово (Арбер Адеми, Агим Нухиу, Сафет Емрули).

Постапката ја покрена Африм Саљиу, раководител на секторот за високо образование, а дисциплинската постапка за утврдување дисциплинска одговорност е испратена со потпис на директорот на ДПИ, Томе Спировски.