Македонија 04. јануари 2019. / 21:17

Скандал: Министерот за култура си се частел патување во Виена на предновогодишен концерт

Скандал: Министерот за култура си се частел патување во Виена на предновогодишен концерт

Министерството за култура ги платило трошоците на министерот Асаф Адеми и на уште двајца негови соработници за патувањето на концертот во Виена за што биле потрошени вкупно 2 400 евра, односно по 800 евра за едно лице. Овие трошоци биле за дневници по 118 евра, за хотелско сместување по 420 евра, а за авиобилети по 262 евра за едно лице.

За сите други трошоци, како ручеци, пијалаци и друго биле покриени приватно од страна на Министерот и неговите соработници.

Како што за „Макфакс“ изјавија од Министерството за култура, трошоците за придружбите (сопругите на Адеми и неговиот шеф на кабинет) сместувањето и сите други трошоци, како и билетите за концертот биле обезбедени од приватни средства.

-Што се однесува до средствата што беа издвоени од страна на Министерството за култура, напоменуваме дека како што назначивме, на покана на Виенската државна опера во Виена, Република Австрија, патуваа три лица, односно подетално за дневници беа издвоени вкупно118 евра по лице, за хотелско сместување – вкупно 420 евра по лице, за авиокарти беа обезбедени билети најпристапни во однос на терминот на патување, согласно со процедурите во Министерството за култура за оваа намена, односно по 262 евра. За сите други трошоци, што се однесува за ручеци, пијалаци и репрезентативни трошоци беа покриени приватно од страна на министерот и неговите соработници. Напоменуваме дека трошоците за придружбите (кои вие ги споменувате), сместувањето, другите трошоци и билетите за истите беа обезбедени од приватни средства-пишува во дополнувањето на одговорот на нашите прашања.