Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не добил покана да присуствува на инаугурацијата на претседателот Стево Пендаровски.
-Досега до претседателот Мицкоски нема упатено покана за присуство на денешниот настан. Претседателот Христијан Мицкоски денот ќе го помине стандардно, со утринска прошетка и искачување на Водно, потоа продолжува со работни ангажмани во седиштето на партијата, каде има однпаред закажани средби и состаноци. А, попладне ќе биде со своето семејство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Пендаровски во својата кампања говореше ќе биде претседател на сите граѓани на републиката, без оглед на нивната етничка, политичка или верска припадност. Сепак, не успеа да се издигне и да го покани лидерот на партијата која освои најмногу македонски гласови на изборите.