Веќе неколку месеци македонската јавност ја тресе скандалот за случајот „Рекет“, каде едно од главните осомничени се Бојан Јовановски и Катица Јанева. За овој случај на Катица Јанева и беше изречена мерка притворот од 30 дена.
Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчковска во интервјуто дадено за телевизија 21 потврди дека здраствената состојба на Катица Јанева е влошена. Имено до затворот во „Шутка“ каде се наоѓа Јанева била доставена и лекарската документација со цел здраствениот персонал да определи соодветна терапија.
Имено пред неколку денови објавено е дека Катица Јанева напиша писмо каде бара предметите од Специјалното јавно обвинителство да се префрлат на Јавното обвинителство. За ова и зборуваше професорот Гордан Калајџиев кој бара да се утврди веродостојноста на тоа писмо.
– Дел од обвинителите на Специјалното јавно обвинителство ми кажаа дека писмото на Катица Јанева за предавање на предметите на СЈО на ЈО било пишувано на компјутер и на рака. Кој тоа ѝ го дал на Јанева писмото напишано на компјутер, на кое таа со рака нешто допишала? За овој скандал треба да се формира собраниска комисија која ова треба да го испита. – изјави на ТВ Телма Гордан Калајџиев, професорот по кривично право.
Јавноста го поставува прашањето ако здраствената состојба на Јанева е влошена и нејзината адвокатка бара да и се определи соодветна терапија, како тогаш да се смета дека писмото кое таа го испратила е веродостојно и дали Јанева го пишувала тоа писмо со нарушено здравје.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во свој Фејсбук ги цитираше ставовите на кривична одговорност, која според него ја прави Јовески.
– Јовески врши кривично дело согласно член 353 ставoви 1, 2 и 3 од Кривичниот законик, каде што се вели:
“(1) Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.
(2) Ако сторителот на делото од став 1 ќе прибави поголема имотна корист или ќе предизвика поголема имотна штета или потешко ќе ги повреди правата на друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(3) Ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години. – пишува Јанушев.