Македонија 28. ноември 2019. / 10:32

Скандал: Ацевски е пратеникот од СДСМ кој брутално ја претепал сопругата

Скандал: Ацевски е пратеникот од СДСМ кој брутално ја претепал сопругата

Пратеникот Костадин Ацевски од СДСМ е мажот кој вчера ја нападнал и претепал сопругата, тој е пријавен во полицијата во Ѓорче Петров., пишува Република.

Утрово од МВР за „Република“ велат дека расправијата меѓу сопружниците започнала, бидејки Ацевски сакал на сопругата да и ги земе децата.

На 27.11.2019 год во 21,30 часот во СВР Скопје се јавила М. А. (37) од Скопје и пријавила дека сопругот К.А. (40) од Скопје се расправал со неа и сакал да ги земе со него нивните деца. Полициски службеници излегле на местото на пријавата за расчистување на случајот, стои во информацијата од МВР.

Неофицијално, „Република“ дознава дека ова не е прв случај сопругата да го пријави Ацевски за семејно насилство.