Македонија 25. април 2019. / 13:38

Скандал: 42 потпишани во списокот, а 82 гласачки ливчиња на избирачко место во Охрид

Скандал: 42 потпишани во списокот, а 82 гласачки ливчиња на избирачко место во Охрид

На избирачкото место 1338 во општина Охрид се делеле по две гласачки ливчиња за претседател и за градоначалник, а гласачите се потпишувале само на изводот на избирачкиот списокот за локалните избори, соопшти денеска на својата седница Државната изборна комисија (ДИК).

На оваа седница се разгледуваат приговори во однос на првиот круг од изборите, а за денес се предвидени 14 вакви приговири.

Радица Ристеска, член на ДИК, кажа дека станува збор за избирачко место во селска средина каде според неа станува збор за ненамерна грешка бидејќи, откако забележале, од избирачкиот одбор се корегирале.

Таа побара да се пребројат јавно гласовите за канидатите за претседател за да се воочи разликата, зошто, како што рече, има 42 потписи на списокот, а 82 гласачки ливчиња во кутијата за претседател.

Забуната, како што истакна Ристеска, настанала поради двојните избори во Охрид, за градоначалник и за претседател на државата.

Од ДИК констатираа дека има вкупно 82 ливчиња од кои 23 за Пендаровски, 1 за Река и 51 за Сиљановска и 7 неважечки ливчиња.

Приговорот беше прифатен, а гласањето поништено.