Македонија 17. март 2019. / 10:19

СЈО отвора истрага за „Попис“: Ќе одговара ли конечно Ахмети?

СЈО отвора истрага за „Попис“: Ќе одговара ли конечно Ахмети?

Во извештајoт на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Попис“, кој е во истражна постапка, а во кој осомничени се поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и актуелниот претседател на ДУИ, Али Ахмети за кои според прислушуваните разговори постои основано сомневање тие во октомври 2011 година ја злоупотребиле службената положба и овластување за да го прекинат започнатиот попис, досега биле испитани повеќе сведоци.

– Во насока на утврдување на вкупниот износ на парични средства кои се издвоени од Буџетот на Р.Македонија за спроведување на попис на населението, домаќинствата и становите во Р. Македонија во 2011 година, ова јавно обвинителство на 25.01.2019 година донесе наредба за економско финансиско вештачење, кое се уште не е изготвено. – се наведува во извештајот.

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи при отворањето на истрагата, рече дека осомничените во октомври 2011 година се договориле да ги одложат веќе започнатиот попис.

На 10 и 11 октомври 2011 година осомничените се договориле да се запре спроведувањето на пописот, со што е причинета штета од 175 милиони денари.