Освен Божиновски и Јанакиески, позитивно мислење од СЈО добија бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, Цветан Панделески, директорот на комбинатот „Пелагонија” и Тодор Мирчевски, директорот на компанијата „Ексико”, осомничени во случајот „Империја”.
Мислење за замена на мерката притвор во куќен притвор од СЈО чека уште поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.
Јанакиески и Божиновски се осомничени во предметот на СЈО „Титаник“, а останатите обвинети за кое е побарана замена на мерката притвор во куќен притвор е осомничени во „Империја“.