Македонија 05. септември 2019. / 10:37

СЈО има рок од три дена да ги предаде предметите

СЈО има рок од три дена да ги предаде предметите

Специјалната обвинителка Катица Јанева во полномошното за предавање на предметите што го испратила до СЈО дала рок од три дена во кој предметите кои ги води сега специјалното обвинителство ќе треба да се предадат на јавното обвинителство. Примпредавањето ќе треба да се направи со записник за примопредавање, најдоцна до сабота. Како и кога ќе биде тоа направено засега нема информација, ниту од СЈО, ниту од ОЈО.

Од СЈО во изјава за „Слободен печат“ потврдуваат дека рокот што го добиле е три дена, но неофицијално коментираат дека тој рок не е предвиден со законот, туку дека Јанева сама си го дала.

Не можеме ние да влеземе во толкување на законот. Чекаме од ОЈО да добиеме информација околу тоа кога и како ќе биде направено примопредавањето – неофицијално објаснуваат од СЈО.