Македонија 01. декември 2018. / 17:42

СЈО бара уште еден притвор за Мијалков

СЈО бара уште еден притвор за Мијалков

СЈО бара притвор за случајот „Империја“ за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, кој во моментов е на распит во Кривичниот суд.

Истрагата Империја е против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Мијалков е во затворот во Шутка каде го издржува 30-дневниот притвор кој му беше одреден за предметот „Тврдина-Таргет“.

Во притвор веќе се Јордан Камчев, Цветан Панделевски, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Тодор Мирчевски.