Од утре во прилепската Општа болница се отвора уште еден ковид центар во Одделението за гинекологија. Оваа одлука доаѓа откако бројките на новозаразени со коронавирусот се во постојан пораст и ситуацијата се повеќе излегува од контрола.
Во овој момент, во инфективното, интерното и Одделението за уво нос и грло хоспитализирани се 86 пациенти, а во дневната болница терпија примаат над 90. Веќе без сомнение може да се тврди дека Прилеп и натаму ќе биде меѓу првите според бројот на новозаразени лица во Македонија.
Во месец јануари неделниот просек на новозаболени бил 76, во февруари 315, а овој месец за само четири дена има 250 новозаразени лица.
Исто така, најавена е реорганизација на капацитетите и персоналот, бидејќи градот и клиниките немаат доволно кадар за покривање на новоотворените ковид-центри.