Пратеникот од Беса, Реџеп Мемеди, денеска изјави дека очекуваат да бидат дел од Владата.
Мемеди на денешната прес-конференција најави дека деновиве очекува интензивирање на разговорите за нивен евентуален влез во Владата.
– Во однос на нашите контакти со премиерот Зоран Заев за евентуално вклучување на Движењето Беса во Владата, имаше неколку средби, но за поконкретни чекори очекуваме наредните денови да се интензивираат контактите и поконкретно да разговараме за оваа тема- рече Мемеди.
Според информациите за влез во Влада преговара и ДПА.