Васил Огненовски, син на пациентот на кој ноќеска за првпат во Македонија му беше трансплантирано срце од починат донор, изрази големо сочувство, но и голема благодарност до фамилијата на донорот Емилија Динева, бидејќи со донирањето на нејзините органи се спасени три животи.
Тој додаде дека со неговиот татко сакаат да се запознаат со семејството на починатата и порача дека срцето на Емилија се уште чука.
Ќе кажам само едно големо благодарам што со донирањето се спасија три животи. Еднаш докторите го вратија татко ми во живот, сега ова е вторпат. Да стивне болката и очекуваме да се запознаеме со семејството на Емилија. Да изразиме сочуство и да знаат дека срцето на нивната ќерка, мајка, сестра, сѐ уште чука. Тоа не поврзува – порача Васил.