Македонија 27. април 2018. / 10:55

Синот на Фрчкоски поставен на директорска позиција во АД за Стопанисување со стамбен и деловен простор

Синот на Фрчкоски поставен на директорска позиција во АД за Стопанисување со стамбен и деловен простор

Дојде живот за уште еден син на функционер и подржувач на власта. Јон Фрчкоски, син на професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски е поставен за помошник директор во АД за Стопанисување со стамбен и деловен простор, дознава Лидер од извори во компанијата.

Според нашите извори од оваа државна компанија, младиот Фрчкоски ќе го води правниот сектор во компанијата, а неговата позиција е “Помошник генерален директор за правни прашања”.

Нашиот извор јавува дека платата за оваа позиција е нешто над 50.000 денари.

Јон Фрчкоски претходно работеше во Општина центар а на оваа позиција доаѓа на местото на Александар Стојчевски, кој до сега го водел овој сектор. Неговиот татко, познатиот професор Љубомир Фрчкоски е поранешен министер за внатрешни работи од редовите на СДСМ, кој во моментов е член на комисијата за реформи во правосудството.

Сличен скандал претходно имаше и со децата на функционерите Мирослав Грчев и Талат Џафери, кои без оглас беа вработени во државната компанија ЕЛЕМ.