Македонија 02. мај 2018. / 14:04

Sинго менува страна? Пратениците на СПМ го спасуваа мнозинството во Собранието

Sинго менува страна? Пратениците на СПМ го спасуваа мнозинството во Собранието

Пратениците на Социјалистичката партија на Љубисав Иванов Ѕинго го спасуваа мнозинството во Собрание. Пратениците од оваа партија која долги години беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, Владанка Авировиќ и Љупчо Димовски останаа на денешната седница и му помогнаа на владејачкото мнозинство да обезбеди кворум.

Ова се случи по одлуката на опозиција да ја напушти собраниската седница откако видоа дека мнозинството нема да обезбеди кворум, но Димовски и Авировиќ останаа и со тоа се обезбеди потребниот кворум од 61 пратеник за почнување на седницата.

Авировиќ и Димовски пред неполн месец не го потпишаа ниту барањето за гласање на доверба на Владата што се најде во Собрание.