Синдикатот на полицијата во Македонија му упатува јавно барање на министерот за внатрешни работи да не го крши Законот за Полиција.
Полицајците членови на синдикатот го подучуваат министерот кои се членовите од законот што ги крши како овластено лице, а не би смеел затоа што и тој формално е со ист статус како и голем број од нив.
Синдикалистите бараат Спасовски да не “ги отепува” од дисциплински постапки тие што мислат спротивно на СДСМ додека тој шири партиска пропаганда како овластено лице.
-Почитуван Министре Оливер Спасовски, знаеме дека и за ова дополнително “ќе” ни се налутиш (Нас не ни е битно) но бидејќи ние само единствено МОЖЕМЕ да те потсетиме на неколку членови од Законот за внатрешни работи кој “за жал” важат и за тебе ( нели земаш и поголема плата за 20% оти си овластено лице) и притоа си ДОЛЖЕН да ги почитуваш и ти без разлика што си Министер. Имено според членовите 32 и 168 од Законот за внатрешни работи :
Член 32
“МИНИСТЕРОТ, заменикот на министерот, државниот секретар, директорот на Бирото и раководните работници во Министерството имаат СТАТУС НА ОВЛАСТЕНИ СЛУЖБЕНИ ЛИЦА”‼️.
Член 168
” Работник во Министерството не смее да основа, да раководи, ДА ЈА ЗАСТАПУВА И ПРЕТСТАВУВА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА и да биде член на органите на партијата утврдени со нејзиниот статут”.
-Нас како СИНДИКАТ воопшто не ни смета и што сакаш прави како Министер и шири ја идејата за партијата која ја промовираш и јавно наметнуваш. Она што ни смета е дека за банални и никакви коментари на социјални мрежи ги “отепа” со дисциплински постапки оние кои мислат поразлично од тебе како Министер и “твојата”(партијата која ја промовираш и јавно наметнуваш). ЗАТОА, ако правилата “НЕ” важат за тебе како “најголем” и човек кој треба да служи за пример, зошто да важат и за другите овластени лица⁉️. Подоле за неупатените имате каков “статус” има МИНИСТЕР за внатрешни работи односно тоа значи дека Министерот има ИСТ статус со сите полициски службеници. Знаеме дека ќе ни се најутиш ама мораме да ти ја кажеме вистината (зошто никој друг од “двата” нема да ти КАЖЕ и ти ја признае оваа вистина).
ПС: “ЈАК” си во Влада и од тие причини не ти пуштаме преставка”
На самиот крај : Ти доставивме десетици и десетици писма со наши барања па да те прашаме?
ДО КОГА ЌЕ НЕ ИГНОРИРАШ и ќе се правиш дека си НАД СИТЕ⁉️ Време е да почнеш да го почитуваш ЗАКОНОТ и ТИ, почитуван Министре.
Вака, сега почитуван Министре Оливер Спасовски, знаеме дека и за ова дополнително “ќе” ни се налутиш🧐 (Нас не ни е…
Posted by Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ on Saturday, February 6, 2021