Невреме проследено со град попладнево го зафати пехчевскиот регион.
Како што информираат локални жители, градот бил најизразен во селата Умлена и Робово и зафатил мала површина на житни посеви и овошните насади, објавува „Вечер“.
Силниот дожд проследен со град започна околу 14 часот и набрзина успеа да зафати дел од насадите со слива. Врнежите од град зафатија дел од житните посеви на кои поради сушата било каква влага му е добредојдена. За овошните насади ќе биде проблем, но допрва треба да видиме дали има и колкави се штетите, велат жители на Робово.
Освен во Пехчевско, пообилни врнежи од дожд има и во дел од селата во горниот дел од Пијанечкиот регион.