Македонија 03. мај 2019. / 21:50

Сиљановска: Заев доби наредба од ЕУ да си поднесе оставка од претседателското место на телото за реформи на судството

Сиљановска: Заев доби наредба од ЕУ да си поднесе оставка од претседателското место на телото за реформи на судството

Професорката Гордана Силјановска Давкова во последниот претседателски дуел на телевизија 24 пред изборниот молк и гласањето во вториот круг од претседателските избори во недела откри дека Зоран Заев не по негова волја дал оставка од претседателското место за реформи во судството.

Имено кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Силјановска Давкова обзнани дека тој ја поднел својата оставка поради наредба од ЕУ да го стори истото, бидејќи со него на чело на ова тело нема реформи и нема независно судство.

Ние во овој период говориме за почеток на преговори со ЕУ, но оценката е доста глума, со демократи, доста актери, промени на Западен Балкан нема. Потребни се радикални реформи, почеток на преговори нема да има. И пораката е, прво поднесете оставка на функцијата претседател на телото за судски реформи оти тогаш нема реформи, тогаш нема независно судство, а потоа ќе зборуваме, вели Силјановска.