Помалку делува трагикомично мене да ме обвините за некој кој има врска со транзиција, зошто транзиција е се уште за жал, недовршен процес во Македонија.
Јас сум била министерка од 1992 до 1994 година, тоа е периодот кога започнала транзицијата, особено е трагикомично кога обвиненијата доаѓаат од транзициски икони кои сета младост и живот го поминале во рамките на транзиција. За жал, се што било умно и вредно во социјалдемократскиот сојуз, тие го анулирале. Ова го посочи кандитот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давковка по обвинувањата од страна на СДСМ дека таа е транзициски профитер.
Силјановска додаде дека забележува очекувана и силна нервоза кај власта, зашто резултатот е загрижувачки и опоменувачки и дека во друга земја можеби власта веднаш би распишала предвремени парламентарни избори
Невообичаено е да видите министерка за одбрана на спот, како што е невообичаено да видите премиер и министри за внатрешни работи во кампања. Јас веќе тоа го напоменав и уште еднаш го споменувам. Уште поневообичаено е да гледате драма со метли, особено што за метли слушавме многу порано, но никој не смете ништо, бидејќи слушавте дека има високи функционери во владата уште пред изборите што заслужуваат да си заминат, мислам дека е и тоа трагикомично, се разбира јас ја продолжувам трката во потрага по гласовите на неопределените, на оние од Бојкотирам, на оние кои можеби со право се оддалечиле од ВМРО-ДПМНЕ во претходниот период, но сега гледам дека се враќаат, а сигурно не се враќаат заради можни привилегии, туку за да помогнат во реформскиот процес, рече Сиљановска-Давкова.
За обвинувањата дека нејзината победа би значела враќање на режимот, Силјановска рече дека никогаш не била член на ВМРО, ниту нивен советник, дека била сменета за време на нивно владеење од Венецијанската комисија, и дека дури била на спротивната страна при донесувањето на Законот за високо образование.
Ако груевизмот на кој што тие укажуваат дека е модел на авторитаризам, тогаш моделот го имаат внатре во пазувите на консензуалната демократија ДУИ, зашто таа со децении беше со ВМРО-ДПМНЕ. Од Титаник 3 не видовме ништо, што значи груевизмот како ахметизмот и заевизмот се во пазувите на кандидатот. Јас, како некој кој знае што се избори, изјавив дека да сте најумни на светот, вие не можете да победите ниту во Америка, ниту во Македонија сами со гласовите на граѓаните. Ви треба поддршка. Но, јас таа поддршка воопшто не ја сметам како соединување, или делење иста идеологија, туку напротив, за отворање простор за критика. Затоа мислам дека извинувањето на сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за она што се случувало претходно држи, и верувам дека тој е решен дури и моите критички опсервации да ги прифати за идните реформи во Македонија, додаде Сиљановска-Давкова.