Македонија 05. март 2019. / 21:09

Силјановска за „Северна“: Тоа име нема корен – никој во историјата не се борел за него

Силјановска за „Северна“: Тоа име нема корен – никој во историјата не се борел за него

Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, вечерва на средба со граѓаните посочи дека по овие избори на дневен ред ќе дојдат предвремените парламентарни избори.

Таа укажа дека „Северна“ е вештачко наметната, дека никој во историјата не се борел за Северна Македонија, а за тоа најмногу сведочи државната химна и народните песни.

– Тоа име нема корен, вештачко е, натурено е. Никој во историјата не се борел за Северна. – кажа Силјановска.