Македонија 11. јули 2020. / 10:22

Силјановска за СДСМ: Велат имаме право на самоопределување, а тие се откажаа од тоа право

Силјановска за СДСМ: Велат имаме право на самоопределување, а тие се откажаа од тоа право

Се почесто го слушам мојот противкандидат како вели дека имаме право на самоопределување, но тие се откажаа од правото на самоопределување, порача професорката Гордана Силјановска Давкова, носител на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1.

Правото на самоопределување е темелно право врз чија основа се создадоа Обединетите нации. Секој народ има право на своја држава, на свое име, на свое знаме, на своја химна, и на свој грб. Само ние имаме властодржци кои се откажаа од ова право – истакна Силјановска.