Кандидатот за претседател на Република Македонија, проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова при дуелот со опонентот посочи дека кога таа ќе стане претседател на државата, во Уставниот суд ќе седнат експерти, а не како сега партиски послушници.
–100% сум сигурна дека ќе останам своја, а не 102% сигурна со ставовите на некој друг, држете ме до збор. Стручноста , компетентноста, меритократијата се мојот живот. Не само што го предавам тоа и пишувам, туку секогаш го бранам. Значи држете ме до збор биографиите нема да бидат скриени како оние на амбасадорите. Ќе можат сите да видат што значат луѓе со биографија, компетентност и стручност. И на факултет и секаде каде што сум работела сум се држела до тој принцип. Значи во Уставниот суд ќе седнат врвни правници, судии од највисок ранг, професори, појасни Сиљановска.
Сиљановска додаде дека сега наградени луѓе добиваат функции, дури се чуди како нејзиниот опонент не станал судија во Уставен суд бидејќи тоа обично е награда за добро завршена работа во ДИК, бивши министри, бивши пратеници итн.
-Јас немам намера кога ги споменуваме законите да ги поништувам и да ги укинувам, тоа е надлежност на Уставниот суд, ама ние Уставен суд во моментот немаме, нагласи Сиљановска.