Македонија 25. февруари 2019. / 19:16

Силјановска: Во премиерска држава нема владеење на правото

Силјановска: Во премиерска држава нема владеење на правото

Професорката Гордана Силјановска Давкова вечерва во интервју за Само вистина на Канал 5 изјави дека не се сложува со изјавата на министерот за надворешни Никола Димитров дека овие избори се избор од надеж и минато.

Кандидатката за претседател вели дека на него се сеќава од минатото, какви изјави давал во Хаг, додека бил министер на ВМРО-ДПМНЕ.

Силјановска вели дека најважно е во државата да владее правото.

Taa рече дека не може да имаме премиерска држава, и дека во таква држава нема владеење на право.