Македонија 26. април 2019. / 22:00

Сиљановска во посета на соборниот храм Св. Никола

Сиљановска во посета на соборниот храм Св. Никола

Го посетивме соборен храм Св. Никола во Куманово, во овие празнични денови да се обединиме, да ја почитуваме традицијата, културата и религијата, рече претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска Давкова.

Неформални средби со граѓани на кои истакнат беше фактот дека Куманово е единствена општина каде што уште од комунизмот една партија владее во градот. Затоа градот е на ниско ниво на развој, младите бегаат и не се решени основните инфраструктурни потреби.

Се повеќе расте поддршката во секое посетено место, луѓето се охрабруваат и го најавуваат падот на оваа ненародна влада преку победа на претседателските избори на 5ти мај.