Македонија 11. март 2019. / 12:54

Силјановска: Влатко Ѓорчев ми помага како тој да е кандидат – ти благодарам Влатко

Силјановска: Влатко Ѓорчев ми помага како тој да е кандидат – ти благодарам Влатко

Гордана Силјановска кандидат за претседател на Република Македонија, му се заблагодари на Влатко Ѓорчев кој беше ривал на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, за неговата голема помош како и на останатите луѓе кои спонтано помагаат.

Деновиве добивам информации дека освен моите пријатели, поддржувачи, партиски активисти, студенти, симпатизери кои што на дневна основа ми помагаат да ги презентирам моите идеи, решенија и визии за Македонија, низ цела држава и на социјалните мрежи спонтано помагаат илјадници луѓе кои сакаат промени и мислат дека можеме заедно да го запреме политичкото насилие, непотизмот, неправдата и неспособноста на власта.

Најголем дел од нив не ги знам ниту јас, не се јавиле да кажат дека помагаат, затоа што се работи за скромни луѓе кои ја гледаат големата цел, да обезбедиме #ПравоиПравда за Македонија.

Еден од тие што добро ги знаете е Влатко Ѓорчев кој иако ми беше ривал на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ сега помага како тој да е кандидат и според информациите од граѓани дава огромна помош за да спречиме апсолутна власт на една група приврзаници на Заевизмот .

Само со солидарност и искрена безусловна помош и соработка каква што сега се случува во секој град и секое село ќе дојдеме до целта: Македонија земја на правдата и напредокот.

Ти благодарам Влатко, Ви благодарам на сите вас што се приклучивте во битката за Македонија, напиша Силјановска на Фејсбук.