Македонија 11. април 2019. / 20:15

Сиљановска: Среќна сум што расте мојот процент на поддршка кај Албанците во Македонија

Сиљановска: Среќна сум што расте мојот процент на поддршка кај Албанците во Македонија

Сиљановска Давкова ги поздрави граѓаните од Општина Центар им се заблагодари на присуството. И рече дека Општина Центар е местото на нејзиното детство.

Поздрав до ВМРО-ДПМНЕ затоа што препозна во мене иако сум независен и непартиски кандидат, човек кој може да обединува. Поздрав до коалиционите партнери, до членовите на Коалицијата „За подобра Македонија“. Поздрав и до граѓаните. Поздрав до Македонците, Албанците, Ромите Власите, Бошњаците, Еѓипќаните, зошто претседателот е и ќе биде претседател на сите граѓани без оглед на нивната етничка, расна, верска или било која друга припадност, истакна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова посочи дека е среќна што расте нејзиниот процент на поддршка кај Албанците во Македонија. Бидејќи на избори одат поединци, а тоа се нејзините бивши и сегашни студенти, тоа се тие на кои била ментор, наследници на нејзините побратимци од Кичево и знаат што е беса. Знаат да препознаат кој е нивен претседател. И таа одговорно тврди дека тоа ќе го оствари.

Единствена реформа која што ја направи оваа власт за жал болната реформа на името. Ама како што гледате не сум јас таа што живее во облаците на правото и правдата, и на идеализмот. Чувте што мисли Кире Лазаров, и дали тој го употребува името Северна Македонија, кога ќе ја прослави Македонија, како победничка со Исланд. Не, така мислат најголем број не само Македонци туку и луѓе во Република Македонија. Не се менува името туку така, потенцира Сиљановска Давкова.

Силјановска Давкова посочи дека во системот на поделба на власта ние одамна немаме Собрание. Оти Собранието е место за жестока дебата, за спротивставени ставови, за градење консензус, но пратениците тие 81 само креваат раце за одлуки што веќе се донесени на друго место.

Правната држава ќе биде нашата заедничка партија, зошто без правна држава не може да има демократија, истакна Сиљановска Давкова.