Македонија 13. април 2019. / 20:40

Сиљановска со жесток говор: Единствената промена која ја направија е промената на името, најболната промена

Сиљановска со жесток говор: Единствената промена која ја направија е промената на името, најболната промена

Цврст и жесток говор држи вечерва претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова пред владата.

Дојде мигот кога сите треба да се соочат со резултатите од катастрофалното речиси две ипол годишно владеење. Се нарекоа реформска влада и народот очекуваше реформи, очекуваше демократија, очекуваше владеење на право, борба со корупцијата и криминалот, битка со непотизмот, очекуваше европеизација. Ама таа не дојде. – ова го порача кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг во Скопје пред огромниот број на граѓани.

-Единствената промена која ја направија е промената на името, најболната промена. Македонија е прекрасно име, во женски род е, не и треба придавка. Пред вас стои токму жена, затоа што на Македонија и треба жена. На татковината и треба жена. Јасно е зошто. Затоа што ние имаме потежок живот од мажите. Треба да докажуваме дека сме добри професорки, покрај добри мајки, добри пријателки и тоа нè прави посилни и побогати. Сега дојде времето да ги покажеме способностите. Не само човечките туку и женските. Реформската влада има само 4 министерки од 26, замислете каков смисол за рамноправност, пардон, нерамноправност имаат. Само 6 градоначалнички се жени, порача Силјановска Давкова.

Таа порача дека ќе и ја врати силата на Македонија бидејќи никогаш не и била попотребна.

-Владата ниту е европска ниту е реформска. Македонија е потоната во отсуство на владеење на правото. Правдата е селективна, ја стигнува само опозицијата, а никако да допре некој од власта иако секој ден слушаме на тони скандали, криминали, фамилијарно вработувања, истакна таа.