Претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Годрана Сиљановска Давкова има митинго во општина Центар.
30 години сме закопани во транзицијата, никако да влеземе во демократска консолидација. Секоја приватизација е грабеж и првобитна акумулација на капиталот. Англиските економисти велат дека во 19 век, овците ги изеле луѓето во Англија. Во Македонија политичарите и менаџерите на оваа власт во 90-тите години ги изедоа граѓаните и работниците. Преку ноќ се создаде една олигархиска група која не знае што да направи со парите. Затоа е шокантно кога социјалдемократите се фалат со енормни богатства, истакна Сиљановска.