Македонија 17. април 2019. / 21:50

Сиљановска: Само Уставниот суд може да укинува неуставни одредби од Законот за јазиците, јас лично имам многу забелешки за него

Сиљановска: Само Уставниот суд може да укинува неуставни одредби од Законот за јазиците, јас лично имам многу забелешки за него

На ТВ Алсат претседателските кандидати, Гордана Сиљановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река одговараа на прашањето поставено од новинарот што ќе направат со Законот за јазиците ако станат претседател на државата.

Само Уставниот суд може да укина неуставни одредби од тој закон, значи јас иако имам многу забелешки на усогласеноста на некои одредби со Уставот и со Рамковниот договор. И се додека важи ќе го почитувам и ќе го спроведувам, одговори Сиљановска.