Македонија 11. март 2019. / 11:58

Силјановска: Преименувањето на институциите е демакедонизација!

Силјановска: Преименувањето на институциите е демакедонизација!

Кандидадот за претседател на Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска, истакна дека преименувањето на институциите е демакедонизација.

Преименувањето на институциите е демакедонизација! Правдата за Македонија мора да победи! Јас сум кандидатката што се борела, се бори, и ќе се бори за зачувување на идентитетот и името македонско врз база на владеење на правото за сите граѓани. Ве молам погледнете го видеото и раширете го нашиот глас за заедно да победиме на претседателските избори, напиша Силјановска на Фејсбук.