Македонија 01. април 2019. / 21:35

Силјановска: Правдата е на наша страна исто како што и победата на овие избори ќе биде на наша страна

Силјановска: Правдата е на наша страна исто како што и победата на овие избори ќе биде на наша страна

Вечерва во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ ја започна пртседателската кампања со професорката Гордана Силјановска Давкова.

Преспанскиот договор е надвор од задолжителнот меѓународно право , но и од националното право. Ние сме за право, правда и морал. Умниот Бернар Шо велел: Можете да смените облека, иделогија но татковина никогаш не можете да смените. Што треба да правиме? Треба да победиме на овие избори и да отвориме пат за предвремени парламентарни избори. За ново парламентарно мнозинство. Што ќе води сметка за Копенхагешките критериуми, оти не се оди во Европа само со договор. Господинот Мицотакис вели дека ќе не блокира кон патот за ЕУ. Што стана тогап со промената на името? Ако се правото и правдата на наша страна а така е, тогаш и победата на овие избори ќе биде на наша страна. Името е отоврено прашање затоа што во 21 век, тажно е повторно да се отвара македонското прашање. Не велам дека ако ме изберете веднаш ќе го сменам името, тоа е невозможно. Но, сигурна сум дека ова име нема корен и не може да има иднина. Ќе дојде претседател близок до народот, ќе дојде еден одговорен состав во Собранието, нови уставни судии кои ќе го штитат Уставот. Тогаш еден ден со една уставна промена ќе го заштитиме името со една клаузула за непроменливост, истакна Силјановска.