Професорката и кандидатка за претседател на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова во интервју за весникот ВЕЧЕР, вели дека нејзините противкандидати немаат проблем со новото име, но таа има.
За мене е најважно дека покрај поддршката на ВМРО-ДПМНЕ ја имам сета слобода да ја моделирам кампањата, да имам сопствена изборна програма и да испраќам пораки до електоратот согласно со моето лично и професионално кредо, а тоа е право и правда за Македонија. Убедена сум, вели во интервјуто кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, дека многу скоро јавноста ќе се убеди дека сум личност, а не нечија марионета. Ајде да почнеме со поправање на штетите на оваа власт, па за неколку години да дојдеме во ситуација која сега можеби се чини невозможна – порачува Силјановска Давкова.
На прашањето дали е партиски или натпартиски кандидат таа вели дека ја цени поддршката на ВМРО- ДПМНЕ, но важно е да има слобода при изборната кампања.
Да ве потсетам дека ВМРО-ДПМНЕ организираше отворен и фер натпревар во рамки на партијата и дека мене не ме “кооптираа” или “избра” картел на партиски врхушки. Тоа што партијата се покажа отворена кон личност, која доаѓа надвор од нејзините редови и притоа е жена, зборува за значителен прогрес. Второ што сакам да нагласам е дека освен одлуката на Конвенцијата, јас на своја страна ги имам и потписите на граѓаните, поддршката на поголем број помали партии (од кои неколку ги претставуваат и другите етнички заедници), но и поддршка на колеги, интелектуалци, уметници, итн. Сепак, за мене е најважно дека покрај поддршката на ВМРО-ДПМНЕ ја имам сета слобода да ја моделирам кампањата, да имам сопствена изборна програма и да испраќам пораки до електоратот согласно со моето лично и професионално кредо, а тоа е право и правда за Македонија. Убедена сум дека многу скоро јавноста ќе се убеди дека сум личност, а не нечија марионета – вели Силјановска Давкова.
Силјановска нагласува дека за неа е најважно дека Македонија преживува и минува премрежија и вели дека сега е време да ја ставиме на нозе и да тргнат нештата по патот по кој одат демократиите и социјалните држави во кои во центарот на политиката е човекот, а не елитите.
На прашањето ќе бидете ли претседател на Република Северна Македонија? Силјановска ќе одговори:
Да ве потсетам дека претседателот на Собранието распиша избори за претседател на Република Македонија. Второ, веќе јавно ветив дека јас нема да го користам ова име кое го сметам за наметнато и донесено преку кршење на правото. Некои од мене бараат порадикални изјави, но нам ни треба мудрост и знаење да си го вратиме името. Премиерот и владејачката СДСМ уште сега ми се закануваат со евентуален импичмент, но тоа не ме колеба во намерите. За Македонија се бореле моите предци, Илинденците и асномците, многу генерации, но и ние денес. Новото име нема да фати корен, па јас се надевам дека таквиот вид на отпор нема да се сведе само на очекувањата од претседателот на Републиката, туку ќе биде широко прифатена акција од граѓаните. Да потсетам, моите двајца противкандидати немаат никаков проблем со новото име, јас имам – вели Силјановска Давкова.
Целото интервју може да го прочитате ТУКА.