Македонија 21. април 2019. / 19:28

Сиљановска: Oчекувам да влезам во вториот круг, доколку се случи да не влезам ќе гласам за господинот Река

Сиљановска: Oчекувам да влезам во вториот круг, доколку се случи да не влезам ќе гласам за господинот Река

Професорката Гордана Сиљановска Давкова претседателскиот кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ја даде следната изјава по денешното гласање.

Кампањата се обидов да ја обојам женски, со знаење и посветеност со аргументи да докажам дека ние жените имаме посебни квалитети и посебен начин на менаџирање на проблемите мислам дека беше успешно, очекувам да влезам во вториот круг, доколку се случи да не влезам ќе гласам за господинот Река, заради стручноста, компетноста и граѓанската ориентација, изјави Сиљaновска.