Македонија 02. мај 2019. / 19:29

Сиљановска: Не треба да се бојкотираат овие избори, треба да се бојкотира власта

Сиљановска: Не треба да се бојкотираат овие избори, треба да се бојкотира власта

Во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова вели дека очекувале „правна метла“, и за премиерот Зоран Заев додаде дека се „саморазрешил“ или се „самоизметел“ од Советот за реформи во судството.

Таа изјави дека во Штип се видела со претставници на Бојкотирам и дека застанале зад неа.

Како што знаете се сретнав со Левица, знаете дека таму дел од партијата повикуваше на бојкот. Јас мислам дека не треба да се бојкотираат овие избори, треба да се бојкотира власта, вели таа.

Според неа, луѓето кои биле дел од Шарената револуција се разочарани од власта