Македонија 16. мај 2020. / 23:46

Силјановска: Не можете да ми го фалсификувате животот

Силјановска: Не можете да ми го фалсификувате животот

Професорката Гордана Силјановска Давкова им порачува на тие што ја менуваат македонската историја и реалност дека не можат да го фалсификуваат животот и се она што се случувало на Македонците.

Во објава на фејсбук, под наслов „Парадоксот на „промената“ на името!“, професорката Силјановска пишува дека во сите документи кои ги поседува таа, нејзините две деца и нејзиниот сопруг пишува Република Македонија и дека државата Македонија како членка на ДФЈ, НРЈ и СФРЈ и како самостојна и независна Република Македонија, од нејзиното раѓање до денес, не се сменети.

-Родена во Република Македонија, ми пишува во Изводот од матичната книга на родените. Склучила брак во Република Македонија, ми пишува во Изводот од матичната книга на венчаните.

Родени во Република Македонија, им пишува во изводите од Матичната книга на родените на моите две деца и на мојот сопруг.

Границите на државата Македонија, како членка на ДФЈ, НРЈ и СФРЈ и како самостојна и независна Република Македонија, за среќа, од моето раѓање до денес, НЕ СЕ СМЕНЕТИ!

Се прашувам: како може некој, па макар и држава да е, да ми ги ФАЛСИФИКУВА личните документи, но и МОЈОТ ЖИВОТ, ИЗМИСЛУВАЈЌИ И ЛАЖЕЈЌИ дека сум се родила, сум раѓала и сум се омажила во „Северна Македонија“ иако таква држава не постоела во тие ВАЖНИ моменти.

Зарем може НИВНОТО НОВО ИМЕ да има РЕТРОАКТИВНО дејство врз најважните настани од МОЈОТ ЖИВОТ?, пишува Силјановска Давкова.