Македонија 07. септември 2019. / 22:02

Сиљановска: Не можам да дојдам на „Школка“, не ги препознавам ниту боите, нити името на МАКЕДОНСКАТА РЕПУБЛИКА

Сиљановска: Не можам да дојдам на „Школка“, не ги препознавам ниту боите, нити името на МАКЕДОНСКАТА РЕПУБЛИКА

Професорката по уставно прави Гордана Сиљановска Давкова, која беше претседателски кандидат на опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ нема намара да оди на„Школка“ во Градскиот парк во Скопје каде што утре ќе се одржи прославата на 8 Септември, Денот на независноста на Македонија.

Да ни е вечен „ 8-МИ Септември“, Денот на Суверена и Независна Република Македонија! Почит за Глигоров, Андов, Кљусев, Гошев, Алити, пратениците од првиот состав на Собранието, а најмногу за граѓаните на Република Македонија за мудро и мирно извојуваната независност, легално и легитимно. Постреферендумската радост на плоштадот Македонија и денес ме вознемирува до солзи со јасната порака: „Ние, НАРОДОТ “ Републиката за која генерации Македонци сонувале, се бореле и умирале, блесна во традиционалното свечено, црвено-црно-жолто руво. „8-ми“ Септември е неизбришлив дел од мојот, од нашиот, македонски идентитет без разлика дали сме тука или надвор! Жал ми е што не можам да дојдам на „Школка“, но не ги препознавам ниту боите, нити името на МАКЕДОНСКАТА РЕПУБЛИКА, напиша Сиљановска на Фејсбук.