Вечерва во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ ја започна претседателската кампања со професорката Гордана Силјановска Давкова.
Тие се вознемирени зошто во химната ја нема СЕВЕРНА, нивната СЕВЕРНА, Прличев вака би ја опишал, пискотници се слушаат од Галичник до ека што тешка несреќа ги збра и мажите и жените да гласи тажна ека и навива … Ветуваа реформи, владеeње на правото, економски просперитет, независно судство, борба со корупацијата, велеа нулта корупација. А сме соочени со хибриден режим со авторитарен систем, со вредносен морален економски и политички регрес. Наместо Парламент имаме едногласно комунистичко Собрание. Наместо правосудство имаме кривосудство, реваншизам и селектива правда, вака го започна своето обраќање професорката Силјановска.