Македонија 09. февруари 2019. / 22:38

Силјановска: Може да дискутирате, ама не може да менувате историја, тоа е непознат феномен

Силјановска: Може да дискутирате, ама не може да менувате историја, тоа е непознат феномен

Професорката Гордана Силјановска Давкова на трибина пред присутните рече дека за историја не може да се договара, секој народ низ своја призма ја гледа историјата.

-Ние преговаравме за политички систем, договаравме за административен систем, за историја, за јазик, за култура, нешта кои се далеку од умот и во тие нивните комисии. Замислете експерти да се усогласат околу тоа чии биле определени историски настани и личности. Па сократовски постапуваат експертите, умираат за ставовите, значи неможе да се договорите Вие. Како ќе се договорите за историја кога секој народ низ своја призма си ја гледа историјата. Може Вие да седнете да дискутирате за тоа, ама неможе да менувате историја. Тоа е непознат феномен, рече Силјановска.