Македонија 13. мај 2019. / 19:36

Сиљановска: Мојот политички настап е вовед во нова политичка култура

Сиљановска: Мојот политички настап е вовед во нова политичка култура

Професорката Гордана Сиљановска Давкова во вечерашното гостување на една национална телевизија рече дека се впуштила во политиката за да ја размрда „барата“ и дека нејзиниот политички настап ќе биде вовед во нова политичка култура, затоа што зад неа стојат многу млади луѓе.

-Пред оваа трка студентите ми велеа дека вреди да се проба, вреди да се разбурка македонската политичка бара, дека јас тоа што го правам на часовите сама се обидувам да креирам драма, можам да го направам, да се обидам и во општеството, мислам дека успеав во тоа. Со говорот, со политичкото поведение со идеите. Мислам дека беа свежи, поинакви. Овие избори меѓу останатите ќе бидат запаметени по една поинаква кампања. Исто ми велат и сега, дека вредело, дека убаво е да чуете дека сте претседателка на нивните срца и ум. Јас сум горда со нив, а мислам и дека и тие со мене. – рече Сиљановска.