Македонија 22. април 2019. / 21:58

Сиљановска: Ќе разговарам со приврзаниците на Бојкотирам

Сиљановска: Ќе разговарам со приврзаниците на Бојкотирам

Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека предноста во гласови што ја има Пендаровски во првиот круг е занемарлива.

„Презадоволна сум од резултатите. За 15 месеци да изгубите 40 проценти од гласачите е длабока криза на легитимитетот. За мене ова беше како „исправи се Делфина“, тоа е одличен влез во вториот круг“, истакна Сиљановска.

Силјановска вели дека намерава да разговара со приврзаниците на Бојкотирам да излезат на гласање и да и дадат поддршка во вториот круг од претседателските избори кој е закажан за мај.

Јас мислам дека ќе имаме цензус, иако дел од граѓаните не сакаат да излезат заради името, како што се приврзаниците на Бојкотирам, но имам намера да разговарам со нив, да им објаснам дека проблемот се решава внатре во институциите. Разликата е занемарлива, можеби загрижуваат неважечките гласови, рече Сиљановска.