Минатата година чувме од власта дека ако го решиме спорот со Грција ќе добиеме датум за преговори но се сомневам во ова, истакна кандидатот за претседател Гордана Силјановска на митингот во Демир Хисар.
Таа нагласува дека ЕУ значи владеење на правото, квалификувана јавна администрација во која нема непотизам, а дека европски живеат само оние во власта и тие околу нив.
Бојкотот е многу лошо решение и ако не биде постигнат цензусот тогаш ќе го вратат одлучувањето за избор на претседател во парламентот-додаде Силјановска.
Таа нагласи дека во Македонија нема Уставен суд туку политизиран Уставен суд и оти таму треба да седат судии со долг стаж а не партиски луѓе.