Македонија 04. април 2019. / 20:09

Силјановска: Ќе го одбегнувам секогаш називот Северна Македонија и се разбира ќе ги употребувам придавките македонски и македонска

Силјановска: Ќе го одбегнувам секогаш називот Северна Македонија и се разбира ќе ги употребувам придавките македонски и македонска

На денешната претседателска дебата, меѓу професорката Гордана Силјановска, Стево Пендаровски и Блерим Река на Телма професорката Силјановска беше запрашана дали ќе го применува Договорот од Преспа ако стане претседател на што Силјановска одговори:

Се разбира, затоа што тој стана дел од Уставот меѓутоа во примената има разлика. Да ќе го применувам, но меѓутоа лично како индивидуа ќе го одбегнувам, секогаш називот Северна Македонија и се разбира ќе ги употребувам придавките македонски, македонска пошто и во членот 7 став 2 пишува дека тоа е дозволено.