Македонија 16. март 2019. / 20:23

Силјановска до власта: Вие го оправдавте крвавиот четврток со амнестијата на портирите на злото

Силјановска до власта: Вие го оправдавте крвавиот четврток со амнестијата на портирите на злото

Претседателската кандидатка на опозицијата, реагираше на соопштенијата на владејачката СДСМ дека го оправдува крвавиот четврток.

-Очигледно СДСМ има вишок време и идеи само за соопштенија, а никако да најдат време за да одговарат на повик на дуел.
Во исчекување на 4то соопштение за денес, да ве потсетам… Вие го оправдавте крвавиот четврток со амнестирање на портирите на злото- Напиша Гордана Силјановска на нејзиниот фејзбук профил.