Македонија 04. април 2019. / 21:01

Силјановска до Пендаровски: Вие мене ми звучите на венецијански трговец

Силјановска до Пендаровски: Вие мене ми звучите на венецијански трговец

На денешната претседателска дебата на Телма, Стево Пендаровски и предложи на Гордана Силјановска затоа што го знаела правото да се кандидира за декан на некој правен факултет на што Силјановска му одговори:

Иначе нема зошто да се кандидирам не ми е тоа амбицијата. Јас бев во два мандата потпретседателка на групата на независни експерти за локална самоуправа во Советот на Европа и повикував на право, бев во два мандати потпретседателка на комисијата за малцински прашања во Венецијанката комисија, и таму укажував на правните аргументи а вие мене ми звучуте на венецијански трговец.

Ви честитам на тоа што сте го постигнале одговори Пендаровски.